Адвокатот Александар Тортевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи за потребата за централа во Основното јавно обвинителство.
„Ние треба да градиме систем каде што ќе имаме апсолутно независни институции, Јавно обвинителство кое ќе биде страв и трепер, а не да им се заканува било кој. Јавно обвинителство опремено со најсофистицирана опрема, со истражители. Еве денеска, земете да завртите на телефон, не можете да го добиете Јавното обвинителство, да сме сведоци на убиство сега овде, не може, нема централа“, порача Тортевски.
Тој додава дека Јавниот обвинител мора да има кај себе истражители и доколку нешто се случи веднаш да постапат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
