Тошковски: 500 луѓе ѕвонат во секунда за да закажат за нови документи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека 500 луѓе ѕвонат во секунда на броевите за да закажат за нови документи.

„Ве молиме за да не го оптеретуваме системот за примање на повици, за кои вчера ме информираа дека достигнал 500 луѓе во секунда, 500 луѓе ѕвонеле за да закажат за издавање на лични карти“, вели Тошковски кој повторно порача дека личните карти важат се до датумот одбележан на истите, без разлика дали го носат новото или старото име.