Тошковски: Термин за итна постапка за пасош во Скопје се добива за еден ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден

„Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден“, вели тој.