Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова раскажа за моментот кога веќе починатиот ракометар Денис Тот бил примен во болница. Таа кажа дека во 03.25 часот Тот бил примен на клиниката без срцева акција. Му била пружена сета можна лекарска помош, по што успеале да му ја вратат срцевата акција но како што рече, било невозможно да го одржат во живот. Мојсова појасни дека и покрај тоа што причините за смртта биле нејасни и немале информации што се случило, успеале да направат томографија на цело тело. Како што вели, најтежок дел била средбата со родителите кога не знаеле да им ги соопштат причините за смртта.
Обвинителката Татјана Трајчевска говореше за наоѓањето на видеата кога се потврдило дека станува збор за убиство. Таа рече дека многу јасно се гледа кои се убијците и учесниците во убиството.
Психијатарот Антониј Новотни е зачуден од фактот како луѓето кои се гледаат на видеото го гледаат настанот и воопшто не реагираат, стоејќи пасивно цело време.
Ракометарот Денис Тот на 7 април беше убиен пред една скопска дискотека. Отпрво постоеше сомнеж за можен срцев удар, но подоцна со објавувањето на видеото стана јасно дека станува збор за убиство. Обвинети се 3 лица кои се наоѓаат во притвор.
