Трагедија на Халкидики: 8-годишно дете пронајдено без знаци на живот во базен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дете на осум години е пронајдено мртво во базен во Халкидики во еден камп, а причината за смртта ќе ја открие истрагата. Според првите информации, станува збор за девојче.

Според информациите на ThessToday.gr, кампот бил на првиот крак на Халкидики, кога под неразјаснети околности детето е пронајдено без знаци на живот.

Веднаш по извлекување на детето стигнале возила на брза помош, но обидите за реанимација биле неуспешни.