Трагедија: Почина младиот ракометар Марко Божиновски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Почина младиот ракометар Марко Божиновски, член на Бутел Скопје.

Божиновски пристигнал во Бутел од редовите на Металург пред три години. Тој бил дел од кадетската репрезентација.

Од Ракометната Федерација на Македонија на својот Фејсбук профил упатија порака со сочувство до семејството на младиот ракометар.

„Со неизмерна тага и неверување испраќаме последен поздрав за прераната смрт на македонскиот младински репрезентативец Марко Божиновски“, пишуваат од Ракометна Федерација на Македонија.