Трагедија во Белград: Градски автобус усмрти 15-годишна девојка, десетина лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градското сообраќајно претпријатие ГСП во Белград, реагираше на тешката сообраќајна несреќа во Земун во која загина 15-годишна двојка кога беше удрено од автобус што сообраќал на линија 18 на улицата Цара Душан околу 12 часот, а неколку лица беа повредени.

„Денес околу 12:20 часот, на улицата Цара Душана на број 136, се случи тешка сообраќајна несреќа со смртоносен исход и неколку лесно повредени лица. Во оваа несреќа учествуваа неколку патнички возила и автобус од линија 18 кој излегол од гаражата и се упатил кон терминалот за да се вклучи во сообраќајот. Околностите под кои се случила оваа 
сообраќајна несреќа се уште се непознати и полицијата работи на нивно утврдување“, соопшти ГСП.

Автобусот, според „Телеграф“, се обидел да избегне жена која трчала преку улицата надвор од пешачкиот премин, поради што скршнал на тротоарот, удирајќи девојка (15) која завршила под возилото. По патот, удрил во неколку паркирани автомобили, а потоа се забил во портата на една куќа.

Телото на девојчето беше извлечено од под автобусот од страна на пожарникари , а екипите на брзата помош можеа само да ја потврдат нејзината смрт. Во несреќата беа повредени десетина лица, вклучувајќи бремена жена во деветтиот месец од бременоста, мајка и нејзиното шестгодишно дете и 74-годишна жена.