Во вторникот вечерта, страшна трагедија се случи во германскиот град Вилинген-Швенинген , кој се наоѓа во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 45-годишна жена и нејзините два сина на возраст од 14 и 16 години биле пронајдени мртви во нивната семејна куќа. Страшната сцена ја открил таткото на семејството, исто така 45-годишен, кој веднаш ја известил итната помош, пренесува магазинот Феникс.
И покрај брзата интервенција на брзата помош и полицијата, животот на мајката и децата не можеше да се спаси. Според првичните информации од полициската истрага, сите три жртви имале убодни рани. На местото на настанот е пронајден нож за кој постои сомневање дека бил употребен како оружје во ова кривично дело.
Според досега собраните докази, се упатува на можно сценарио во кое мајката прво си ги убила синовите, а потоа си го одзела животот. Се уште не е познат мотивот за овој трагичен чин, а полицијата интензивно работи на расветлување на сите околности.
„Спроведуваме сеопфатна истрага за да ги утврдиме сите факти, со посебен акцент на можните мотиви кои довеле до овој ужасен настан“, рече портпаролката на локалната полиција.
