Трагедија во Германија: Пожар во болница во Хамбург одзеде најмалку три животи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во пожар што избувна синоќа во болница во Хамбург. Болницата „Мариенкранкенхаус“ во Хамбург е една од најголемите на северот од Германија и има 600 кревети и лекува околу 93.000 пациенти годишно.

Пожар избувна во геријатриското одделение. Според последните информации, 16 лица се тешко повредени, а 36 се здобиле со полесни повреди.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот за 20 минути. Некои од повредените биле згрижени во истата болница, додека други биле префрлени во блиските болници. Се истражува причината за пожарот. Дел од болницата мораше да биде евакуиран, пишува Билд.