Тројца млади луѓе починаа за време на скара во близина на германскиот град Вупертал.
Младите биле на возраст од 18, 25 и 26 години ја поминаа неделата во куќа во Хајнштрасе во Вупертал, Северна Рајна-Вестфалија, се вели во соопштението.
Момчињата не се вратиле кога паднала ноќта, па родителите загрижено тргнале да ги бараат.
Според првите извештаи, тие правеле скара во градината, и тоа се покажало како фатална грешка, затоа што во градината немало доволно проветрување, па гасовите кои се создавале за време на скарата, испарувале, и се претпоставува дека тројцата се затруле со јаглерод моноксид.
„Пожарникарите добија пријава за сомнителен гас и предупредување за присуство на јаглерод моноксид“, изјави портпаролот на пожарникарите.
Обдукцијата ќе потврди дали навистина починале од труење со јаглерод моноксид.
