Трагедија во Полска: Петмина загинаа во пожар во хостел, истрагата покажала дека немале дозвола за работа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет лица загинаа во пожар во нелиценциран хостел во јужна Полска во градот Пшов, соопштија денеска властите по гаснењето на пожарот.

Други дванаесет возрасни лица беа евакуирани на безбедно од запалениот објект.

„Кога пожарникарите пристигнаа на местото на настанот, ја затекнаа целата двокатна зграда и поткровјето во пламен“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Пожарот се проширил многу брзо , поради што веројатно пет лица не успеале навреме да стигнат на безбедно, додаде тој.

Големиот број вработени биле градежни работници.

Хотелскиот оператор немал работна дозвола, соопшти првиот човек на подрачната администрација.