Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 85 повредени откако патнички воз со повеќе од 350 лица се судрил со товарен воз нешто пред полноќ во близина на градот Лариса, во централна Грција, соопшти противпожарната служба. Причината останува непозната.
Меѓуградскиот патнички воз кој сообраќал од Атина до Солун, се судрил со голема брзина со другиот воз. Ударот предизвикал голем пожар во патничките вагони, по кој изгореа многу патници, а некои од нив итно се пренесени во болница.
„Слушнавме голем удар. Беа тоа 10 кошмарни секунди. Настана паника, пукаа кабли секаде. Оганот беше моментален“, изјави еден од патниците.
At least 32 dead, 85 injured in Greece train collision pic.twitter.com/T5tzyiFbaH
— iixxii (@iixxii) March 1, 2023
Околу 250 патници со автобус се евакуирани и пренесени во Солун. Еден патник кој се спасил рекол дека имало голема паника во вагонот.
„Беше како земјотрес“, истакна еден патник.
Во раните утрински часови и натаму се трага по живи лица. Возот тргнал од Атина во 19:30 часот. Товарниот воз одел од Солун до Лариса.
LIVE: Site of train collision in Greece https://t.co/TuhHFrgLn5
— Reuters (@Reuters) March 1, 2023
