Дете на четиригодишна возраст почина синоќа како последица на касање на кучиња во Сента во Војводина, јавува РТС.
Детето бил нападнато од ротвајлер и од дога околу 20 часот.
Настанот се случил во двор на приватна куќа, а според неофицијалните информации, станува збор за кучиња кои биле со сопственик, односно не станувало збор за улични кучиња.
Детето веднаш со брза помош било пренесено во Нови Сад, но починало на пат кон болница.
