Трагедија во светот на спортот: На 49 години почина трикратен олимписки шампион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 49-годишна возраст почина Буваисар Саитиев, еден од најдобрите борачи на сите времиња. Го загуби животот на 49-годишна возраст, а причината за смртта не е објавена.

Саитиев беше шесткратен светски и трикратен олимписки шампион. Освои злато во борење на Игрите во Атланта во 1996, Сиднеј 2000 година и Атина во 2004 година.

Во 2007 година беше прогласен за најдобар борач во историјаа на ФИЛА. Од 2015 година до неговата смрт, беше претседател на Чеченската боречка федерација.

Многу познати личности од светот на боречките вештини се збогуваат со Саитиев. Меѓу нив и голем број на ММА легенди кои својата доминација ја граделе преку борењето.