Видео камера го снима моментот кога патничкиот авион од компанијата Американ Ерлајнс и воениот хеликоптер се судираат околу 21 часот локално време.
Аудио запис од контролната кула се гледа дека контролорите на лет го прашуваат хеликоптерот дали го гледа патничкиот авион.
- РАТ 2-5, дали го гледате CRJ?
- РАТ 2-5 поминува зад CRJ.
- РАТ 2-5 има авион на повидок, побарајте визуелно разделување.
- О боже.
- Кула, дали го видовте тоа?
По сударот, контролата на лет предупредува 19 авиони кои требало да слетаат.
„Пренасочете се, заобиколете писта 33!“
На местото пристигнуваат 300 спасители. Дел од патниците на патничкиот авион се уметнички лизгачи, меѓу нив и Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, поранешни светски шампиони, а сега тренери.
Се бараат преживеани на минусни температури и силен ветер. Пребарувањето ќе одземе денови, најавија од одделот за итни случаи.
„Значи, тоа е многу сложена операција. Условите таму се крајно тешки за оние што реагираат. Ладно е. Тие се справуваат со релативно ветровити услови и ветерот е силен на реката. Значи, тие работат таму. Ние продолжуваме да правиме се што можеме за да ги заштитиме“, вели Џон Донели.
Од Американ Ерлајнс сè уште не даваат детали за инцидентот. Главниот извршен директор најави дека патува кон Вашингтон.
„Но, сè што можеме да направиме сега, правиме. И токму сега, тоа значи да се фокусираме на грижата за сите вклучени патници и членови на екипажот, како и за нивните семејства“, вели Роберт Исом.
Претседателот на САД Доналд Трам напиша на неговата социјална мрежа дека судирот требало да биде избегнат.
„Авионот беше на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движеше право кон авионот. Беше ведро, светлата во авионот биле вклучени, зошто хеликоптерот не се качи повисоко или симне, или сврти? Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што треба да направи наместо да праша дали го гледа авионот“, вели Доналд Трамп.
Хеликоптерот кој учествуваше во инцидентот бил на тренажен лет.
