Трамп: Денес на состанок со соработниците ќе донесам конечна одлука за договорот со Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска во Белата куќа ќе одржи состанок со функционери задолжени за националната безбедност, со цел да „донесе конечна одлука за договор со Иран“.

Трамп во објава на платформата „Truth Social“ рече дека Иран „мора да се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје или бомба“, како и дека „Ормускиот теснец мора веднаш да биде отворен, без патарини, за неограничен бродски сообраќај, во двата правци“.

„Сите морски мини (бомби), доколку ги има, ќе бидат отстранети (ние веќе отстранивме, со детонација, бројни такви мини со помош на нашите одлични подводни миноловци). Иран веднаш ќе го заврши отстранувањето и/или детонирањето на сите преостанати мини, кои нема да бидат многу“, изјави Трамп.