Трамп или Бајден, кој е подобро да победи за Македонија и Балканот? Οдговораат студентите на UACS

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Студентите на UACS (University American College Skopje) Давор Чепреганов и Филип Миленковски беа гости во вечерашното отворено студио на ТВ21 посветено на изборите во САД.

Студентите сметаат дека ќе победи Трамп, потпирајќи се на сите прогнози и анкети, како и на предизборната кампања на двајцата кандидати.

На прашање на ТВ21 што е подобро за Балканот и за Македонија, односно дали е подобро да победи Трамп или Бајден, еве што одговорија.

„Нема нешто драстично да се смени од голено значење за државава според мене било кој да победи, дали тоа би бил Трамп или Бајден, но би имало значење за Балканот“, смета Миленковски.

Чепреганов, пак, го дели истото мислење:

„Не мислам дека за Македонија и за регионот драстично ќе се смени нешто“.

Изјавите низ видеото подолу: