Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп повторно ги критикуваше канадските власти и порача дека Америка наскоро ќе покаже дека не им требаат канадски производи.
„И покрај фактот што Канада им наплаќа на САД од 250% до 390% тарифи за многу од нашите земјоделски производи, Онтарио штотуку објави доплата од 25% на „електричната енергија“, за сите работи, а вас дури и не ви е дозволено да го правите тоа. Бидејќи нашите тарифи се реципрочни, само ќе го вратиме сето тоа на 2 април. Канада е злоупотребувач на тарифите и отсекогаш била, но САД повеќе нема да ја субвенционираат Канада. Не ни требаат вашите автомобили, не ни треба вашата граѓа, не ни е вашата енергија и многу брзо ќе го дознаете тоа. ЌЕ ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ОДЛИЧНА!!!“, напиша Трамп
