Трамп ја напушти Белата куќа и со хеликоптер е пренесен во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп излезе од резиденцијата на Белата куќа во 18 часот и 16 минути по локално време носејќи маска и костум. Тој мавташе со медиумите, но не застана да разговара.

По него следуваше и началникот на Генералштабот Марк Медоус, исто така во маска.

Тој се качи на хеликоптерот „Марин оне“ во 18 часот и 17 минути и веќе е пренесен во болница каде што ќе остане неколку денови.

Од утринава Трамп имал покачена температура. Лекарот во Белата куќа кажал дека претседател е само изморен. Си-Ен-Ен јавува дека добил доза на лекови како знак на претпазливост.

Позитивна е и неговата сопруга Меланија која исто така има благи симптоми.

Неговиот противкандидат Џо Бајден, со кого беа на ТВ дебата, е негативен на вирусот. А вечерва се повлечени и голем број на изборни кампањи кои беа против Трамп.