Трамп ја прекина прес-конференцијата поради пукање пред Белата куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп само неколку минути по започнување на прес конференцијата во врска со коронавирусот, итно ја напушти просторијата.

Додека беше на сред реченица, агент од Тајната служба се доближи до Претседателот и му шепна нешто.

„Господине, ние мора веднаш да излеземе надвор“, се слуша агентот, а на тоа Трамп му вели „Извинете?“

Момент подоцна, Трамп се врати во просторијата и им објасни на медиумите дека тајните агенти го одалечиле од местото поради пукање пред Белата куќа.

„Сакам да им се заблагодарам на Тајната служба која секогаш брзо и ефикасно си ја врши работата. Дојде до вистинско пукање и некој е однесен во болница. Не знам во каква состојба се наоѓа лицето, се чини дека таа личност ја снимала Тајната служба, па ќе видиме што се случува“, порача Трамп.

Висок претставник од администрацијата потврдил за CNN дека постоел активен стрелец, кој моментално е во притвор.