Трамп ќе организира историска средба која ќе го означи крајот на децениското непријателство меѓу Азербејџан и Ерменија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денес ќе биде домаќин на лидерите на Ерменија и Азербејџан на самит што го нарече „историски“, со цел да се стави крај на децениското непријателство меѓу двете поранешни советски републики, објави „Гардијан“.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев „ќе ми се придружат во Белата куќа на официјалната церемонија на потпишување на мировниот договор“, објави Трамп во четвртокот на својата социјална мрежа Truth Social.

Двајцата долгогодишни непријатели водеа две војни за спорниот регион Нагорно-Карабах. Азербејџан конечно го врати регионот под своја контрола во молскавична офанзива во 2023 година, предизвикувајќи егзодус на повеќе од 100.000 етнички Ерменци. Иако двете земји водеа мировни преговори, вклучувајќи ги и оние од минатиот месец во Обединетите Арапски Емирати, досега не е постигнат значаен напредок.

„Овие две нации се во војна со години, што резултираше со смрт на илјадници луѓе“, напиша Трамп. „Многу лидери се обидоа да ја завршат војната, без успех, до сега, благодарение на „ТРАМП“. Мојата администрација веќе некое време е ангажирана на двете страни“, додаде тој, истакнувајќи дека е „многу горд на овие храбри лидери што го прават вистинското нешто“.