Трамп: Лажна вест е дека немам пари за кампања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД Доналд Трамп, ги демантираше денеска информациите дека останал без пари за кампањата за изборите на 3. ноември.

Трамп на Твитер напиша дека тоа се лажни вести.

„Се пишуваат разни лаги за мене, дека немам пари за кампања. Дури и се да е точно, би користел свои пари за кампања, и уверен сум дека ќе бидам повторно избран на 3. ноември“, напиша Трамп додавајќи дека има пари повеќе од минатата кампања, но и дека се потрошени помалку пари од неговата конкуренција Хилари Клинтон, и повторно лесно победил.