Трамп најави можност САД да им исплаќа пари на мигрантите за доброволно да ја напуштат земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма со која им нуди пари на имигрантите доброволно да ги напуштат Соединетите држави.

Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучува одредена финансиска помош и можност за легален влез во земјата подоцна.

Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив.