Трамп: Наскоро ќе се случи нешто во Украина, но Путин и Зеленски не се подготвени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека наскоро ќе се „случи нешто“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа.

Тој рече дека е „реалист и оптимист“ во однос на постигнувањето мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи акциите што ги преземаат Путин и Зеленски.

„Го следев тоа, го видов тоа и разговарав за тоа со претседателот Путин и претседателот Зеленски. Нешто ќе се случи, но тие сè уште не се подготвени. Но нешто ќе се случи. Ние ќе го направиме тоа“, изјави тој во телефонско интервју за CBS.