Претседателот на САД, Доналд Трамп не одговори на прашањето дали тој го избркал од Белата куќа украинскиот претседател Володомир Зеленски.
„Нема да ви одговорам на тоа“, рече Трамп.
Трамп кажа дека е подготвен повторно да разговара со Зеленски, откако украинскиот претседател ќе биде подготвен за мир.
„Тој вели дека треба да се бориме, а јас сакам мир сега и веднаш. Може да се врати и да разговараме кога ќе биде подготвен за мир. Секојдневно гинат многу луѓе и Украинци и Руси. Сакаме да го сопреме тоа“, рече Трамп.
