Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека нема да биде постигнат напредок во мировните преговори за Украина сè додека лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин“, им рече Трамп на новинарите во „Air Force One“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата посета на Блискиот Исток, објави Ројтерс.
Според изјавата на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, руската и американската делегација пристигнале во Истанбул, додека украинската делегација не, објавија турските медиуми.
На преговорите во Истанбул, руската делегација ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински.
