Трамп очекува да се сретне со Путин во Саудиска Арабија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија за мировни преговори за Украина, откако двајцата лидери разговараа по телефон, пренесе Си-Би-Ес.

Зборувајќи за првиот потврден контакт меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа, американскиот претседател во средата на новинарите во Белата куќа им рече дека имал „долг и многу продуктивен“ разговор со Путин.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social истакна дека најверојатно ќе се сретне со Путин за прв пат во Саудиска Арабија и дека очекува тоа да се случи „во не толку далечна иднина“.