Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини од 200% за вино и алкохолни пијалоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини во висина од 200% за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од ЕУ.

Трамп предупреди дека ќе воведе царини за алкохолот кој ќе дојде од Европа, ако ЕУ не го укине данокот на американското виски.

Властите во Брисел се решија на данок на вискито од САД како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила вчера.

„Ако оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.