Трамп: Украина доцни со договорот за минерали, се надевам дека наскоро ќе биде потпишан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Украина сè уште не го потпишала договорот за ретките земни минерали, додавајќи дека се надева дека документот ќе биде потпишан што поскоро.

„Украина, на чело со Володимир Зеленски, не го потпишала завршниот документ за многу важниот договор за ретките земни минерали со Соединетите Американски Држави. Касни најмалку три недели. Се надеваме дека ќе биде потпишан веднаш“, рече Трамп во објава на мрежата Truth Social.

Тој додаде дека работата на мировниот договор помеѓу Русија и Украина „тече глатко“.

Заменик-министерот за економија и трговски претставник на Украина, Тарас Каќка, рече претходната недела дека од конструктивноста на новата рунда преговори, која започна во четврток, зависи дали договорот ќе биде завршен до утре.

Украинската и американската страна потпишале меморандум на 17 април, кој потврдува заедничка желба за постигнување на взаемно корисен договор за економско партнерство помеѓу двете земји, а самиот договор треба да се финализира и ратификуваат од парламентите на двете земји, пренесува Танјуг.