Трансплантација на органи – надеж што го возобновува животот, министерот Азири со мерки за подигање на свеста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 200 лица чекаат за трансплантација на органи. Поголема потреба според листата има за бубрези, потоа за срце и најмалку за црн дроб. Во Македонија се забележува постепено зголемување на свеста за донирање на органи, тема која со години наназад била чувствителна. Предизвиците како недостигот на донатори и долгите чекања за пациентите сè уште остануваат – вели министерот за здравство Азир Алиу, кој најавува иницијативи за подигање на свеста.

-Листата на чекање на пациенти за некој орган е многу голема, се стотици, а од друга страна листата на потенцијални донатори е многу мала, значи овој дисбаланс меѓу потребата од некој орган и потенцијалните донатори е еден голем дисбаланс. Посакувам овој јаз меѓу потребата и донирањето на органи да се намали. Потенцирам уште еднаш дека со еден пристап за правилно информирање и во реално време на граѓаните би можела да се зголеми и листата на потенцијални донатори кои би можеле утре во вакви случаи да донираат некој орган, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Националната координаторка за трансплантација, професорката Билјана Кузмановска, објаснува кои лица можат да донираат органи. Најпрвин специјализирани лекари ја дијагностицираат мозочната смрт според медицинските и правните критериуми, потоа следи верификацијата на согласноста за донирање, по што се прави медицинска проценка на донаторот, се споредува со пациентите на чекање и на крај се планира трансплантацијата.

-Значи не може било кој починат донор, не може од било која болест, туку токму пациенти кои што имаат заболување на мозокот, тоа може да е крварење, или може да е тешка траума после сообраќајка, кој што се лекува во интензивна нега и кај кого што другите органи се релативно зачувани и здрави, изјави Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Потоа се мобилизираат многу медицински тимови бидејќи процесот е многу сложен и се потребни детални анализи, објаснува анестезиологот, чија улога е многу важна.

-На почетокот се почнува со експлантација, каде што анестезиологот исо така е вклучен во процесот на експлантација на ткивата, каде што работат хирушките тимови во корелација нели со анестезиологот. Исто така и во препознавање на потенцијалниот кадавер, исто тука се вклучени анестезиолозите, нели проценка на мозочната смрт и така натаму. За да во ножните саати се собере тимот, најчесто во ноќните саати или рано изутрина и се започне паралелно со трансплантација на органите бидејќи органите не можат да чекаат долго, изјави Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Во 2024 година имало вкупно два починати донора и направени се трансплантации на повеќе органи. Во 2025 година до сега има три трансплантации од починати донори, при што се трансплантирани повеќе органи.