Бројот на жртви во БИХ достигна три лица, откако денеска почина жена, пренесува порталот “Klix”.
Како што наведува порталот, станува збор за постара жена која не пријавила дека била во контакт со својата ќерка, која била во Италија.
Коронавирусот и е утврден после смртта.
Во меѓувреме во Турција бројот на починати од Ковид-19 достигна 44 лица. Бројот на заразени во оваа земја сега изнесува 1872, односно 343 повеќе од претходниот ден.
