Трето и шесто одделение без ниту еден учебник, МОН може да добие тужба за дискриминација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска е вториот ден од новата учебна година. Додека повеќето ученици добија учебници, некои останаа само со тетратките кои сами си ги купиле. Дали се овие деца дискриминирани!? Според една анализа спроведена од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација констатирано е дека учениците од трето одделение ја започнале учебната година без ниту еден учебник од задолжителните предмети.

Иста е состојбата и со учениците од шесто одделение. Додека учениците од 4, 5 и 6 кои учат на албански, турски, српски и босански јазик нема да имаат учебник по македонски јазик иако истиот им е задолжителен предмет.

Според закон, МОН е задолжено најдоцна до 31 август да ги достави сите учебници до училиштата. Претседателката на Комисијата Весна Бендевска рече дека ќе ги разгледа сите можности за покревање тужба за дискриминација против државните институции.

Од вкупно 126 учебници кои се потребни а задолжителните и изборните предмети во основните школи, недостигаат 43 учебници, односно во проценти МОН не обезбедило 34% од учебниците. Само учениците од прво и второ одделение оваа година ги имаат сите учебници за сите предмети и на сите јазици на кои се одвива наставата во земјава.