Трговска мисија меѓу Грција и Македонија – Битиќи: Единствен извор ни е рускиот гас, потребна ни е диверзификација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

2021 година заврши со 520 милиони евра инвестиции, што е значително повеќе од 2020 година кога имавме приближно 640 милиони евра. Тоа значи дека бизнисмените овде ги гледаат можностите, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, она што му треба на регионот, особено во време на криза, е економски просперитет со силни синџири на вредности развиени и интегрирани во Европската унија.

Бидејќи нашата земја е една од ретките земји во светот која 100% единствен извор на гас добива од Русија, Битиќи вели дека два од четирите договори за вклучување на земјата во проектот Александропулос се веќе потпишани, со што ќе се диверзифицира енергија, односно земјава да не зависи само од руската енергија.

Според амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз, регионот има можности за соработка од која корист ќе имаат граѓаните.

„Пред 5-6 години овој настан ќе беше незамислив, но еве денес зборуваме за тоа како сите заедно сме трите најсилни земји, кои работиме на создавање бизнис и можности за граѓаните од регионот не само за луѓето за Македонија, туку и за Западен Балкан“, посочи Кејт Мари Брнз.

Повеќе од 30 компании од Грција и Северна Македонија во деловната мисија „Бизнис преку границите“ разговараа за можностите за инвестирање и начините за продлабочување на соработката поддржани од Американските стопански комори на двете земји.