Три деца од ОУ „Владо Тасевски“ во домашна изолација, нивните родители биле на симпозиум заедно со директорката Биљановска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три деца од училиштето „Владо Тасевски“ се во домашна изолација поради коронавирусот, бидејќи нивните родители се лица кои присуствувале на симпозиумот каде била и Нина Цаца Билјановска, директорката на Клиниката за дерматологија, која е позитивна на корона вирусот. Поради ова и останатите родители не ги пуштиле на настава и своите деца. Вакви случаи денеска се забележани и во улиштата „Братство“.

Во „Братство“, докторката Кујтиме Мехмети на трети март држела предавања и сега е во 14-дневна домашна изолација, но е без симптоми на коронавирус, таа за состојбата го известила и училиштето. Градоначалникот на општина Карпош вели дека училиштата се дезинфицирани и дека ја следат ситуацијата и чекаат инструкции од надлежните министерства.