Три години по изградбата, таван падна во градинката „Мајски цвет“ во Карпош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледа од внатре просторот на градината „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 2 во општина Карпош. Причината за уривањето на таванот е дождливото време за време на викендот.

-За време на викендот на две простории од градинката „Мајски цвет“ се урнал таванот, но за среќа бил неработен ден и нема повредени.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски утрово излезе на увид.

Во меѓувреме, тој за ТВ21 објасни како дошло до истекување на водата, што предизвикало уривање на таванот. Вели дека има пропусти при проектирањето.

Секоја пролет и есен ги чистам олуците во мојата куќа, не знам како тоа го дозволуваат директорите“, вели Јакимовски и ги повика изведувачите да бидат повнимателни кога станува збор за вакви објекти каде што има деца.

Директорката на градинката „Мајски цвет“ не прифати да даде изјава за екипата на ТВ21 , да ни каже како и кога паднал плафонот. Јакимовски ни рече дека децата се згрижуваат и во други простории на објектот.

Инаку, овој објект е изграден пред три години, додека минатата година поранешниот премиер Зоран Заев заедно со поранешната министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев ја посетија градината, по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност.