Тридневна жалост, тага и револт меѓу либанците – 145 жртви, 5.000 повредени, десетици исчезнати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Либан тажи по жртвите од силната експлозија што се случи на пристаништето во Бејрут, која однесе над 145 животи, а 5.000 се повредени. Десетици луѓе се исчезнати, а дури до четвртина милион останаа без нивните домови, поради тоа што експлозијата ги разори фасадите на зградите дури неколку километри подалеку.  

Семејствата се собраа пред пристаништето за да дознаат информации за нивните блиски од кои нема ни траг, ни глас. Гневни се што властите дозволиле голема количина експлозивен материјал со години да стои во небезбедни услови во магацинот на пристаништето.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, е прв странски функционер што го посети градот. Во Бејрут пристигна заедно со специјализиран тим и спасувачка опрема. Либанскиот премиер, Хасан Диан, прогласи тридневна жалост. Земјата сега се соочува и со економска криза.

Министерот за економија, Раул Нехме, рече дека Либан со својот банкарски систем има ограничени извори за справување со катастрофи, а според првичните процени, оваа несреќа земјата може да ја чини дури 15 милијарди долари.

Претседателот Мишел Аун, вети дека ќе побара одговорност за експлозијата на 2.750 аминиум нитрат, кој се користи за ѓубриво и бомби, а кои биле складирани на пристаништето шест години откако биле запленети.