Трик за одмаглување на стаклата на автомобилот се шири на Тик Ток – возачите воодушевени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Да седите во автомобилот и да чекате да ви се исчистат прозорците може да биде толку фрустрирачко, особено кога брзате и немате доволно време да ја исчистите шофершајбната.

Едноставен трик што помага да се одмаглад стаклата на автомобилите се шири на TikTok, а возачите се изненадени од тоа колку всушност е едноставна и ефикасна идејата.

Трик за одмаглување на прозорци

“Замаглени прозорци? Нема проблем – пробајте го овој трик!” сподели автомобилска компанија на својот профил на TikTok објаснувајќи неколку чекори што треба да се следат.

Првиот чекор е да го вклучите грејачот на максимална температура за да се осигурате дека колку што е можно повеќе топлина оди до вашите прозорци. Потоа вклучете ја климата за да се исуши воздухот во автомобилот и ова е клучниот чекор за брзо чистење на шофершајбната.

Откако ќе се вклучи клима уредот, исклучете ја циркулацијата на воздухот. Ова копче често може да се најде како икона за автомобил со стрелка свртена наназад. Се што ви треба сега е малку да ги отворите прозорците и шофершајбната да ви биде чиста.

@carsdotcom Foggy windows? 😱 No problem–try this hack! #tiktokchallenge #carhacks #carsdotcom #hack ♬ original sound – Cars.com

Возачите се импресионирани

Возачите се прилично импресионирани од видеото, а еден TiktToker призна дека се бори со овој проблем кога наиде на видео кое му помогна: „Го имавме овој проблем и TikTok дојде на помош“, напиша тој.

„Леле, морам да го пробам ова“, „Одличен совет!“ и „Оваа идеја е толку корисна“ се само дел од коментарите на возачите.