Машините за сушење алишта се одлична работа, но повеќето луѓе сè уште ја сушат облеката на тераса или во некој оддалечен дел од станот на машината за сушење. За сите кои вака ги сушат алиштата, една мајка открила трик за кој многумина не знаеле.
Рекла дека често не успева да испере се што ќе посака поради недостигот на простор на врвката за алишта, па открила трик со кој успева да ги исуши сите алишта на само една машина за сушење.
Таа на духовит начин на популарниот форум Редит го откри својот трик како закачува алишта и како со овој метод да исушите повеќе алишта за помалку време, а сите што го виделе овој метод биле изненадени, пренесува City Magazine.
Нејзиниот метод се состои во употреба на штипки за алишта и наместо да ги стави алиштата преку жица, таа ги наредува рамо до рамо, исто како на фотографијата.

Со овој трик таа пере повеќе алишта и ги суши без да создаде брчки, а сите кои ја видоа нејзината идеја ја пофалија.
Коментарите на воодушевените корисници беа многубројни, а некои од нив беа: „Импресивно, ова навистина функционира“, „Навистина добар трик, облеката воопшто не се збрчка“.
