Тројца од четворицата битолчани кои излегоа позитивни на коронавирусот се од приватна болница во Битола, пишува локалниот порталот АПЛА.мк
„Од четворица заболени од Битола, тројца од нив се заболени од приватната болница Плодност“, одговориле од Министерството за здравство за АПЛА.мк
Во саботата министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека регистриран е прв случај на Ковид-19 во Битола, а подоцна и самиот доктор преку Фејсбук статус информираше дека тој е заразениот.
Подоцна сопственикот на болницата, татко на заразениот доктор информираше дека повторно се направени тестови и сите се негативни.
Извор: Апла.мк
