Тројца загинати и двајца исчезнати во невреме во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица загинаа, а две се водат како исчезнати во бурата што денес го погоди департманот Вар на југоистокот на Франција, соопштија официјални лица.

Најпогодени од бурата беа Лаванда, Борм-ле-Минос и Кавалиер, објави веб-страницата „Франсблу“.

Три лица ги загубија животите во Лаванду и Видобан, соопшти жандармеријата, објави телевизиската станица БфмТВ.