Трошоци за свадба – колку чини организирањето на незаборавна ноќ?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Свадбите се меѓу најважните настани во животот на секој поединец и семејство. Посебните традиции и култура на прославување на овој посебен ден бараат внимателна подготовка и значителен буџет. Но, колку навистина чини свадбата?

Изгледот на невестата бара посебна грижа. Прашавме во салоните за убавина колку чини фризура и шмникна за невестата, а од таму ни рекоа дека цените се движат од 250 до 1.000 евра во зависност од салонот.

Една венчаница се движи од 500 до 5.000 евра, а цената зависи од материјали и брендот. Некои невести избираат да ја изнајмат венчаницата и со тоа ги намалуваат трошоците од 200 до 1.000 евра.

Цената на оделото за младоженецот се движи од 200 до 2.000 евра.

Златото е уште еден важен елемент во свадбата. Цената на златото за невестата може да достигне и неколку илјади евра. Во просек, паровите трошат околу 3.000 до 10.000 евра за злато.

Колку чини најевтиниот комплет?

Од 1500 евра почнува до 5 илјади.

Што се продава повеќе 5 илјади или 1 илјада евра?

Просек, 2000, 2500,3000, зависи.

Најголем дел од буџетот за свадба оди за ресторанот. Во просек цената по лице се движи од 15 до 40 евра во зависност од избраното мени и понудените услуги. За свадба со 250 гости, просечно се трошат околу 5.000 евра.

Атмосферата, пејачот и музиката се секогаш многу важни на свадбата. А за ова, некои пејачи со кои разговаравме, иако не сакаа да разговараат пред камера, ни кажаа дека цените се движат од 2.000 до 5.000 евра. Снимањето на најубавите на спомените од свадбата е исто толку важно како и самиот ден на свадбата. Цените за услугите за снимање и фотографирање се движат од 200 до 1500 евра. Се троши и за украсување на масата на парот, кое чини околу 200 евра. Земајќи ги предвид сите главни и помали трошоци, можеме да направиме проценка дека за просечна свадба ви се потребни околу 15 илјади евра.