Трпески: За да ја избегнат контролата најголем дел од штедилниците се трансформираа во Финансиски друштва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Љубе Трпески, поранешниот гувернер на НБРМ и екс министер во Владата на Македонија, говореше за „21МИНУТА“ на ТВ21.

Трпески истакна дека сите штедилници се трансформирале во финансиски друштва, со цел да ја избегнат строгата контрола од Централната банка.

„Неколку години после донесувањето на Законот, до 2013-2014, речиси сите, освен две штедилници во Република Македонија, се трансформираа во Финансиски друштва. Зошто? За да ја избегнат ригорозната контрола на Централната банка“, рече Трпески и додаде дека оваа трансформација им ја овозможуваше законот:

„Тоа им овозможуваше законот, затоа што штедилниците работеа од сопствен капитал, а не со прибрани штедни влогови“, додаде Трпески.

Целата изјава низ видео: