Цана со критики до здравствените власти – „На идниот министер му се става жежок костен во раце“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Затворањето на ковид центрите во неколку градови, инфектологот Фадиљ Цана го смета за политичка одлука на министерот во заминување, Венко Филипче. Инфектологот на Клиниката за заразни болести во Скопје, вели  дека со констатирањето на новиот сој Омикрон во земјава и високиот број на починати  од Ковид 19, една таква одлука не е од полза на јавното здравје.

„Според мене повеќе е дневно политичка одлука на министерот во заминување кој можеби ќе му стави жежок костен во рацете на новиот министер со одлуката за затворање на ковид центрите…Мислам дека е погрешна одлука   и прерана, бидејќи со заминувањето на  биномот Заев-Филипче, не значи си замина и пандемијата. Пандемијата и натаму е тука и здравствениот систем треба да бидеме во полза на јавното здравје а не на дневните политики“, истакна Фадиљ Цана.

Како против одговор на ова, без да го коментира политичкиот дел, министерот Венко Филипче со одгвоор:

„Центрите се отвораат или затвораат согласно бројот на пациенти. Затворените можат да се отворат во било кој момент ако има голем број на пациенти“, посочи Венко Филипче.

А за незаострувањето на анти ковид мерките за новогодишните празници, Цана смета дека тоа е избрзана одлука. Вели дека според истражувањата, сојот Омикрон се шири по брзо, затоа треба да се преземат мерки.

„Ако одиме според оваа логика  и ние треба да одговориме на присуството на Омикрон со големо внимание и мерки кои одговараат на мерките кои ги преземаат понапредните здравствени системи. Што се однесува до  досегашната одлука на министерството, да нема дополнителни  мерки, мислам дека  е многу избрзана одлука бидејќи треба да се направат  подетални анализи“, посочи Фадиљ Цана.

Во 2022 Цана вели дека може да се очекува крај на пандемијата или да биде во помали размери.

„Проекциите на експертите од областа се дека во 2022, да не речам крајот на 2022, доколку не заврши, се очекува да ја смени формата од пандемија да премине во епидемија и да премине во ендемски зони во земји и региони кои не го поминале“, додаде Фадиљ Цана.

Бројот на активни случаи на Ковид во земјава е под 5000, а намaлен е и бројот на позитивни случаи. Првиот случај на омикрон во земјава е детектиран завчера кај маж дојден од Велика Британија.