Царинската управа се опреми со систем за анализа на ризикот и чување на податоци, кој се очекува да го подобри контролирањето на трговијата и да ги спречи обидите за криминал и сивата економија. Овој систем е грант од Република Кореја во износ од 4,75 милиони долари, кој денеска официјално беше промовиран.
„Сите податоци за увоз, извоз, транзит, податоци за акцизни стоки, целиот регистар на заплени, обвиненија за прекршоци и кривични дела се интегрирани во системот, каде што се анализираат со поддршка на напредна вештачка интелигенција. Истовремено, системот нуди податоци за пратки чија вредност се разликува од берзанските цени или е под просекот според анализата на вкупниот увоз, што го известува царинскиот службеник да инспектира контејнери со такви пратки, сè со цел спречување на обиди за царински измами“, изјави Бобан Николовски, директор на Царина.
Директорот Николовски истакна дека новиот систем ќе го олесни и легалниот проток на стоки, што значи пократко време и пониски трошоци за компаниите. Проектот започнал во 2021 година со студија за изводливост, а денешното завршување, според Комесарот на јужнокорејската царинска служба, е резултат на ангажманот и тесното партнерство меѓу двете влади.
„Од 2008 година, јужнокорејската царинска служба го воведе електронскиот систем за растамошување UNIPAS во 16 земји, со вкупна вредност од 329,37 милиони долари. Овој проект од 4,75 милиони долари е особено значаен за Северна Македонија, бидејќи претставува првото создавање на електронски систем за растамошување на Кореецката царинска служба во целиот европски регион“, изјави Лимјон Ку, Комесар на јужнокорејската царинска служба.
Според Лимјон Ку, кој ја посетува нашата земја првпат, новиот систем не само што ќе придонесе за позиционирање на Македонија како лидер на Балканот со напреден царински систем, туку ќе претставува и инспиративен пример за соработка и цврсто пријателство на царинско ниво.
