Цел живот ни поминува со кредити, професор Мифтари кажува како живее со плата на наставник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од моментот кога се вработив почнав на кредит и се до овој момент кога сум пред пензија, јас сум на кредит, односно наставниците го минуваат цел живот на кредит.


Вака учителот Насер Мифтари го опишува животот на учителите. Според него, зголемувањето на платите од 10 отсто во образованието не е оправдано поради поскапувањето. Мифтари нагласува дека платите влијаат и на слабиот интерес на младите и поради тоа се соочуваат со недостиг од наставници.


-Во секоја продавница или место каде што ги нудиме нашите услуги гледаме која е цената. Цените на сите артикли денес не се онакви какви што беа пред еден месец да не речам порано, додека нашите плати остануваат на ова ниво со години. Имаме недостиг од наставници, тоа го гледаме, тоа не е професија која би привлекла некој кој имал амбиција и се борел да стигне до ова ниво, денес не е тоа.


За економистите, покачувањето на платите во таков период ќе биде невозможно и сериозен предизвик за Владата, а зголемувањето од 10 отсто го сметаат за логично. Економистот Али Максути нагласува дека зголемувањето на платите може да доведе до нова економска криза.

„Ова барано зголемување до 18% ќе влијае на инфлацијата.Следниот чекор е влијанието врз даноците и таксите , нивното зголемување и тоа ќе влијае на натамошното зголемување на цените на производите на пазарот и доаѓаме до ситуација ниту Владата, ниту Синдикатот да бидат задоволни. Од професионален аспект тоа е многу дури 10% во овој период, но во друга ситуација мора да се вреднуваат други услови особено образовниот сектор“, вели Али Максути.


Инаку, Владата излезе со соопштение дека ќе ги плаќа само придонесите за плата за штрајкувачите, а за ова од СОНК за ТВ21 велат дека ова го гледаат како уште една закана.

„Тоа е еден вид закана која е прва, и во 2015 година истото се случи од претходната Влада, но ние ќе штрајкуваме додека не потпишеме договор за плата. Верувајте дека наставниците се во состојба и да не земаат плати туку да штрајкуваат до крај“, вели Тафа Амети потпретседателка на СОНК.


Инаку, СОНК ја одби понудата на Владата од 10% со барање за зголемување на платата за 18,4%.