Цената на млекото во маркетите расте, се продава за трипати поскапо од откупната цена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цената на млекото достигна 80 денари. Млекото што го купуваме во маркетите е трипати повисока од откупната цена по која го продаваат сточарите, и се жалат дека не можат да ги покријат ниту трошоците и дека производната цена е помала од откупната. Ако откупната цена е зголемена за 30 %, трошоците се зголемени за 200% објаснува Стеванчо Јордановски.

„Откупната цена во момнетов се движи околу 27 денари, како бројка можеби звучи позитивно, но јас ќе ви кажам дека тоа многу малку кажува за нашата работа, бидејќи производната цена или е рамна или е повисока од откупната.“, вели Јордановски.

Јордановски вели дека дури и да се зголеми цената не верува дека ќе има заинтересирани што ќе се занимаваат со сточарство. Тоа би значело дека уште повеќе ќе се зголемува увозот на млеко, а со тоа ќе расте и цената во иднина.

„Се заканува изумирање на овој сектор од сточарството целосно. И статистиката го кажќува тоа дека кравите се намалени“, рече Јордановски.

2 800 ден по грло, 3 ден по литар продадено млеко субвенции добиваат сточарите. Во Македонија има 270 000 грла крави.

Цена на млеко според Нумбео во регионот:

КОСОВО 0,98 ЦЕНТИ (60 ДЕН.)
СРБИЈА 117 ДИНАРИ (62 ДЕН.)
МАКЕДОНИЈА ОД 45 ДО 70 ДЕН.
АЛБАНИЈА 141,89 ЛЕКА (74 ДЕН.)
ГРЦИЈА 1,44 ЕВРА (88 ДЕН.)
СОФИЈА 2,72 ЛЕВА (86 ДЕН.)

Како за споредба Алпско млеко кое во одредени маркети достигнува и до 87 ден. во Македонија, во Србија е 70 денари. Косово има најевтино млеко 60 денари во регионот според Нумбео, а Грција најскапо 88 денари.Според податоците од Државниот завод за статистика, Македонија увезла 26 милиони килограми млеко и млечни производ во вредност од 37 милиони евра. Најголема количина или 11,3 милиони килограми во вредност од 9,5 милиони евра биле увезени од Србија. Вредносно најголем увоз од 10,3 милиони евра е направен од Германија, но најголем дел е увоз на кашкавали и путери. Производителите на млеко во Србија предупредуваат дека заради тешката состојба во која се наоѓа овој сектор како последица на ниската откупна цена и поскапувањето на добиточната храна, производството драстично се намалува, и од септември е можен недостиг на млеко.