Центарот за јавно здравје Охрид неделно ќе објавува билтен со податоци и информации за состојбата со коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Центарот за јавно здравје Охрид на својата Фејсбук страница истакна дека во интерес на првовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините во кои делува еднаш неделно, јавно ќе објавува билтен со податоци и информации за справувањето со вирусот COVID-19, за кои сметаат дека ќе бидат од интерес на жителите на овие општини.

Од таму посочуваат дека од почетокот на пандемијата од коронавирусот (март 2020) до денес 24.04.2020 г. ги бележат следните податоци:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 705 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 271 лица, во општина Струга и Вевчани 164 лица и 270 лица, во општина Дебар и Центар Жупа
– Од вкупно земените материјали, 626 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 224, Струга и Вевчани 132, Дебар и Центар Жупа 270), а 79 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 47, Струга и Вевчани 32)
– Лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 15 лица од општина Охрид и Дебрца, 55 лица од општина Струга и 50 лица од Дебар и Центар Жупа
– Пациенти позитивни на COVID-19 се хоспитализирани во соодветни здравствени установи и тоа од Охрид и Дебрца-1, од Струга-10, од Дебар и Центар Жупа-17
– На домашно лекување до денес се 13 пациенти од Охрид и Дебрца, 34 пациенти од Струга и 1 од Дебар и Центар Жупа
– Оздравени пациенти од Охрид е 1, од Струга се 5, а од Дебар и Центар Жупа се 44 пациенти
– До денес НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 12, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.
– До денес под 14-дневен здравствен надзор биле ставени 144 лица од општина Охрид и Дебрца, 215 лица од Струга и Вевчани и 187 од Дебар и Центар Жупа

Почитувани,Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините во кои…

Gepostet von Центар за јавно здравје – Охрид am Freitag, 24. April 2020