Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас во ексклузивно интервју за ТВ21 истакна дека Бугарија треба да разбере дека во рамките на европското семејство не може да продолжи со негирање, туку со поврзување.
Тој вели дека е многу разочаран од развојот на настаните.
„Треба да кажам дека многу добро ги разбирам чувствата на граѓаните на Северна Македонија кои имаат направено многу значајни промени, промена на Устав , уставното име и гледаат дека со Европската Унија имавме позитивен развој и со влезот во НАТО се разбира. ЕУ останува на ставот за влез, но и има тежок развој, главна причина- Бугарија. Сакам да се надевам дека ова ќе се промени во следниот период. Бугарија треба да разбере дека во рамките на европското семејство не може да продолжи со негирање, туку со поврзување“, посочи Ципрас.
Екс премиерот вели дека Преспанскиот Договор бил и останува многу значаен за мир, соработка, просперитет и не само за Грција и Северна Македонија туку и за целиот Балкански Регион.
„Се заснова на доверба и довербата се гради внатре од примената на двете договорени страни. Верувам дека Договорот треба да се завршува, извршува и одржува и од двете страни“, порача Ципрас.
Целото интервју со екс премиерот на Грција, Алексис Ципрас ќе може да го погледнете вечерва во 19:10 часот на ТВ21.
