Ципрас за ТВ21: Ние сме во период кога светот се менува и веќе почнува да биде фан на заштитата на јавното здравје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас во ексклузивно интервју за ТВ21 истакна дека постојат две категории на политичари.

„Постојат тие кои што сакаат да бидат корисни за својата татковина и верни на  идеите, другите сакаат да се пријатни за јавноста, но не и корисни за татковината и општеството. Прогресивната политика припаѓа на првата категорија, но некогаш има и политичка цена. Како и да е, сепак длабоко верувам дека долгорочно  историјата секогаш ги оправдува тие што предлагаат и  дејствуаат за придобивки и во интерес на земјата и опшеството  отколку  тие политичката корист“, вели Алексис Ципрас.

Тој смета дека сме во период  кога светот се менува и веќе почнува да  биде фан за заштита на јавното здравје, на заедницата, мирот.

„Тоа се многу значајни вредности. Затоа ценам дека порано или доцна ќе почне да се тежнее кон првите политичари. Граѓаните почнуваат да го почитуваат тежнеењето кон јавните  и заедничките добра и интереси отколку кон личниот интерес“, додава Ципрас.