Ципрас за ТВ21: Пораката од Преспанскиот Договор е дека постои надеж на Балканот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Пред  се мислам дека пораката од Преспанскиот Договор е дека постои надеж на Балканот, несогласувања долго време…Ако постои взаемна волја, се постигнуваат прифатливи договори врз основа на Меѓународно право“.

Ова го истакна поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас во ексклузивно интервју на ТВ21.

Тој смета дека ова треба да е една порака која се однесува на секоја должина и ширина на планетата и секаде каде што постојат разлики главно само на Балканот кој е една  ранета  област, ранета  од национализам , конфликти , од одлучи да не направат чекор назад.

„Овие опсесии прават многу пати да сите заедно направиме многу чекори назад. Затоа што сето ова многу чини, чини во човечки животи. Мислам дека е и порака за сите долготрајни разлики и несогласувања и верувам дека Србија и Косово треба да го слушнат духот на Преспанскиот Договор, односно да се обидат за взаемно прифатливо решение. Не сум имал прилика да го запознаам младиот Курти. Го познавам добро Вучиќ, верувам дека постои можност да се најде заемно прифатлив договор“, вели Ципрас.

Ципрас додава дека Грција има влада која  ја следи надворешната политика и не можам да преудицира за одлуките на денешната влада, како и дека не сака да направи такво нешто во врска со признавањето на Косово.